Wednesday, December 25, 2013

Еднократно калапирање


Еднократни калапи 

1.1Се користат во следните процеси на леење:
  1. Леење во школкести калапи
  2. Леење во гипсени калапи
  3. Леење во керамички калапи
  4. Леење со испарувачки модели (процес на леење со модели од пена)
  5. Леење со восочен модел 
1.Леење во школкасти калапи
Леењето во школки е нова постапка и потекнува од втората светска војна.
Оваа постапка се развила со цел да се смали тешката физичка работа во леарниците а и економски станала поисплатлива.
  • Пронаоѓачот на постапката леење во школко е Германецот Јохан Крониг.
  • Школката се изработува од чист кварцен песо и додаток на средство за врзување на база на смола.
  • Средството за врзување и песокот се мешаат во специјална затворена мешалка.
  • Мешалката е загреана до 40*C.
  • Приготвена смеса се нанесува на моделни плочи изработени од метал, при температура од 180-300*Cво време од 40-60 сек.
Денес постојат машини за изработка на школки и јадра од поединечно произвотство до целосно автоматизирано за програмскопроизводство.



2.Процес на леење во школки:
  • Прицврстен модел направен од железен метал или алуминиум се загрева на температура од 175*до 3700*се обложува со средства за раздвојување (силикон) и се прицврстува за кутија или комора. 
  • Кутијата содржи фин песок помешан со 2.5-4% термостабилен врзувач од смола кој ги обложува песочните честички или кутијата се ротира обратно или песочната мешавина се распрскува врз моделот прекривајќи го.
  • Потоа составот се ставаа во печка на краток временски период за да се доврши сушењето на смолата.
  • Во повеќето машини за калапење со школки печката се состои од метална кутија со горилници кои се нишаат врз школкастиот калап за да ја исушат.
  • Школката се сврднува околу моделот и се отстранува од него со користење на вградени исфрлувачки игли/
На овој начин се добиваат две полушколки кои се поврзуваат или се прицврстуваат заедно за да се формираат калап.


2.1Дебелината на школката може прецисно да се определи преку контролирање на времето во кое моделот е во контакт со калапот.
На овој начин може да се добие школка со бараната јакост и крутост за да ја издржи тежината на стопениот материјал/
  • Школките се лесни интеки поради што нивните термички карактеристики се разликуваат од оние на подебелите калапи.
  • Песокот за школката има многу помала пропустливост од песокот што се користи при калапење на песочни калаи затоа што при изработка на школкастите калапи се користи песок со многу помали зрна.
  • При распаѓање песокот за школки ослободува голем волумен на гас.
Па како последница на тоа до колку калапите не се доволно проветрени заробениот гас може да предизвика сериозни проблеми при леењето.
  • Високиот квалитет на конечната одливка ги намалува трошоците за чистење машинска и друга обработка на одливката.
  • Материјалите кои се леат на овој начин се :СЛ,челик ,лесни и обоени метали , освен легури на олово , цинк , магнезиум и титаниум и огноотпорни челици.


    Примена :
    Мали механички делови кои бараат висока точнос на димензиите , куќишта на преносници, глави на цилиндри , делови на менувач на сл.



    3. Леење во гипсени калапиВо процесто на леење во гипсените калапи , калапот се изработува од гипс со додавање на талк и слицка во прав за да се добие јакос.
    • Овие компоненти се мешаат со вода и добиената каша се истура врс моделот.
    • Откако гипсот ќе се свтрдне моделот се отсранува и калапот се суши на температура меѓу 150 и 260*Cза да се отсрани влагата.
    • Половинките од калапот се составуваат за да се добие шуплината се загреваат на 120*и се долева на стопен метал во калапот.
    3.1Гипсот е минерал по својот состав е калциумсулфат.
    • Неговата предност е тоа што лесно се обработува.
    • Добра страна е што е ефтин и најважна особина му е тоа што е хигроскопен-бпиба вода.
    Поради тоа што гипсените калапи имаат многу мала пропустливост, гасови што се создаваат за време на затврднување на металот нема од каде да излезат.
    3.2Моделите за калапи од гипс главно се изработуваат од :
    • Алуминиумски легури
    • Термостабилни пластики
    • месинг
    • цинкови легури
    Максималната температура која може да ја изрджи гипсениот калап е 1200*C


    4.Леење со керамички калапиПроцесто на леење со керамички калапи е сличен на процесто со гипсени калапи со таа разлика што се користи огноотпорни материјали погодни за примена на високи температури.
    • Кашата е мешавина од финозрнест циркон,алуминиум оксид и фузирана силика кои се мешаат сосврзнувачки средства и се истураат врз моделот кој е поставен на потпорна плоча.
    • Моделот може да биде направен од дрво или метал.


    5.Леење со испарувачки моделиТехника на леење со испарливи модели е релативно нова техника која овозможува низа предности во однос на леењето во песок-зголемено искористување на металот смалување или елиминачија на употребата на јадра чистење и машинска обработка.
    • Во контакн со течниот метал бурио во релативно време моделот се раглага и испарува праен со кристализачија на одливката.
    • Разложување на моделот со допир со течниот метал е иразито ендотермен процес така да втрдувањето на одливката се одвиваа во услови на подладување.
    • Одливките добиени со EPC медода се одликуваат со висок квалитет и ниска цена на изработка.
    5.1Но усвојување и примена на методата во производство носи низ тешкотии кои можат да ја направат скапа и долготрајна поради примена а тоа е :
    1. Одредување на праметрите на процесот
    2. Избор на материјало и конструкција на алатот за изработка на изпарливи модели
    3. Избор на материјалот-полимерите за моделот 
    4. Дефинирање на составот на огноотпорната облога и др.


    6.Леење со восочен модел
    • Со оваа постапка се изработуваат одливки од легиран сив лив и челик.
    • Најчесто тоа се ситни одливки кои по своите димензии облик и површина треба да се задоволат зададени технички прописи 
    • Принципот на оваа постапка е да се направи гроздов модел од восок кој потоа се привлекува со слој од кварцен песок и калапска смеша.


    7.Постапка при изработка на одливки
    1. Во метален калап изработен од челик се лее восок.
    2. Восокот во калапот се втрднува потоа се издвојува и се спојува со гроздви со други отврднати делови.
    3. Околу оската околу вертикалниот калап се поставуваат повеќе делови.
    4. Составувањето на деловите се врши рачно и со загреан алт и тоа доста прецизно.
    5. По ова нанесување моделот се суши со воздух
    6. Дното од калапот се одстранува и моделот се носи во сушара каде моделот се топи водата испарува.
    7. Во првата комора владее тем. Од 60*C . овде восокот се истопува
    8. Другио дел од комората се загрева на 950*за да се отсрани сета вода 
    9. Во третата комора се оладува на тем. Од 300*C.

    No comments:

    Post a Comment