Величината на центрифугланата сила треба да биде поголема од тежината за да ливот се расподели рамномерно по зидот на кокилата успехот зависи од брзината на вртење, Центрифугалната сила Fc=m*r*w2
Односот на центрифугалната сила и тежината се нарекува гравитационен коефиицент К.
Кокилата се изработуваат од сив лив, внатрешната страна се премачкува со премаз,Во зависност од положбата на оската на вртење центрифугалното леење може да биде:Вертикално,Хоризонтално оска на вртење се изведува на тој начин што ратопениот метал се внесува во калап кој е поставен хоризонтално.Се применува за добивање на шупливи цилиндрични одливки пр. Водоводни цевки.Вертикална оска металот се воведува во средината на калапот и одтука под дејство на центрифугалната сила се нанесува на зидовите на калапот.Леењето со наклонета се применува за цевки со поголема должина
Влијание на центрифугалната сила под дејство на центрифугалната сила неметалните вклучоци од растопениот метал многу побргу испливуваат на површината,одколку при дество на гравитација. Од овие причини одливките лиени со центрифуга имаат помалку вклучоци и помалку се порозни.Песочни ливови кристализацијата почнува истовремено и на надворешнио и на внатрешниот зид. Во текот на стврднување дебелината на тврдата кора расте и нечистотиите и гасовите се потицнуваат од средината на одливката.Центриф. леење со кокила- заради брзото ладење на надворешниот дел кристализацијата почнува на надворешниот зид и постепено се проширува во внатрешноста,нечистотиите и гасовите се потиснуваат кон внатрешните површини.
Може да се лее: Сив лив,челик,лесни и обоени метали,може да се лее и стакло,пластика и керамика. Се применува за производство на одливки за: Цевки со големи димензии,барабани за кочници,ременици,топовски цевки.чаури,прстени,валци,лежишта,запчаници,садови под притисок и сл. Карактеристик на процесот: Продуктивност и до 50парчиња,Припрема на прочес неколку недели,Искористување на металот:висока,Трошоци за алатот средни,Цена на опремата средна до голема,Трошоци за работници:ниски до средни, Додатна обработка на одливките:обавезна обработка на внатрешните површини. Конструктивни карактеристики на добиениот предмет:сложеност на обликот:ограничена, Додатоци за обработка:1,5-6mm,добри механички особини,Големина на одливката: од 0.5мдо1.8м,квалитет на поврпината:добар,средна површинска рипавост.


No comments:
Post a Comment